Столтенберг ги уверува Авганистанците дека ја имаат поддршката од НАТО

Јенс Столтенберг
Јенс Столтенберг / Фото: EPA-EFE/KENZO TRIBOUILLARD / POOL

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денес потврди дека разговарал со претседателот на Авганистан, Ашраф Гани.

Причината за разговорот беше тоа што Столтенберг ќе го увери дека НАТО планира да продолжи со пружање поддршка на таа земја во која припадниците на талибанското движење во моментов вршат притисок врз владата во Кабул, која е поддржана од САД.

“Добро е што денес разговаравме со претседателот Ашраф Гани. Безбедносната состојба во Авганистан е сè уште многу предизвикувачка и бара преговори”, напиша Столтенберг на својот Твитер профил денес.

Тој потврди дека НАТО ќе продолжи да го поддржува Авганистан преку финансирање, цивилно присуство и обука во странство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот