Столтенберг до Ердоган: Шведска ги исполни обврските кон Турција за влез во НАТО

Јенс Столтенберг/ Фото EPA-EFE/Robert Ghement

Шведска ги исполни своите обврски кон Турција, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг по двочасовната средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Турција веќе 13 месеци го блокира влезот на Шведска во НАТО, обвинувајќи ја за попустливост кон курдските активисти кои живеат на нејзина територија.

Столтенберг изрази надеж дека Турција ќе го одобри влезот на Шведска во НАТО пред самитот на шефовите на државите на земјите-членки на Алијансата на 11 и 12 јуни во Вилнус.

Шефот на НАТО се заблагодари на Турција што одговорила на барањето за испраќање  на засилување на северот на Косово.

Турското министерство за одбрана вчера соопшти дека планира да испрати свои сили во Косово како одговор на барањето на НАТО да се приклучи на мировните сили на КФОР по немирите во северно Косово.

Столтенберг вчера присуствуваше на инаугурацијата на Ердоган, кој го започна својот трет претседателски мандат, што ќе трае пет години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот