Столтенберг: Членството на Северна Македонија и Црна Гора е доказ дека вратите на НАТО се отворени

epa07622047 NATO Secretary General Jens Stoltenberg (R) and North Macedonia Prime Minister Zoran Zaev (L) react during a family photo after a session of the North Atlantic Council in Skopje, North Macedonia, 03 June 2019. Stoltenberg is on a two-day official visit to North Macedonia, which is expected to become the next country to join the North Atlantic Treaty Organization (NATO). EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Пред почетокот на денешниот Самит на НАТО, генералниот секретар на Пактот, Јенс Столтенберг утрово се осврна на клучните теми кои ќе бидат на маса на лидерите на земјите членки и повтори дека Западниот Балкан е од голема важност за Алијансата, јави дописничката на МИА од Брисел.

Ова прв Самит со учество на Северна Македонија како полноправна членка на Алијансата, како и прв за новиот американски претседател, Џо Бајден. Македонската делегација ја предводи премиерот Зоран Заев.

Во последните години, две земји од регионот станаа членки на НАТО.

– Имаме нови земји членки од тој регион во последните неколку години, со тоа докажавме дека вратата на НАТО е отворена, Северна Македонија и Црна Гора се нови земји членки, но имаме и партнери во другите земји од регионот и уште го имаме КФОР во Косово, присутни сме и продолжуваме да помагаме да го стабилизираме регионот, изјави Столтенберг во интервју посветено на иднината на НАТО во наредните 10 години.

Тој, очекувано, се осврна на главната тема од Самитот, а тоа се буџетските прашања и барањето на Алијансата земјите членки да го зголемат својот придонес не само во Буџетот за одбраната, туку и во придонесот во самата Северноатлантска организација за да се помогне нејзиното модернизирање.

Столтенберг очекува успешни дискусии со лидерите за развој на нови технологии за 30-те земји членки да успеат да одговорат ефикасно на „новите безбедносни предизвици”, вклучително и оние кои произлегуваат од климатските промени.

– Најважно е што очекувам лидерите да се усогласат за низа конкретни мерки за зајакнување на НАТО, на технологијата, отпорноста, колективната одбрана, климатските промени, но и како да ги обучуваме партнерите и да им помогнеме да се стабилизираат, на добар пат сме, седум години поред се зголемуваат расходите за одбраната, но треба да сториме повеќе, треба да одговориме на високиот степен на амбиција со зголемени инвестиции во буџетот на НАТО, вклучително и преку додавање дополнителни фондови за низа активности, рече генералниот секретар на НАТО.

Алијансата има три клучни буџети: цивилен, воен и инфраструктурен, потсети Столтенберг, и се надева дека на денешниот Самит лидерите ќе успеат да се договорат за зголемување на трошоците за овие области.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот