Столтенберг бара одговорност за упадот во „Капитол“: Казни за одговорните

Јенс Столтенберг/ Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET / POOL

Одговорните за насилниот упад на „Капитол“ во Вашингтон мора да бидат казнети, коментираше денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на заедничката прес-конференција со претседателот на Мавританија, Мохамед Олд Газвани.

– Во врска со нападот на „Капитол“, важно е да бидат казнети сите одговорни. Уверен сум дека демократските институции на САД ќе се справат со ова, оцени тој.

Според Столтенберг, инцидентот е неприфатлив.

– Резултатите од изборите мора да се почитуваат. Ние мора да сториме се што можеме за да осигураме дека се почитуваат нашите демократски вредности, додаде тој, нагласувајќи дека очекува да работи со новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, кој е „силно посветен на НАТО “.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот