Столеска: Сити, Метрополис и Клуб ФМ рамо до рамо со светските радија – само професионалци можат да создадат тим од професионалци (ВИДЕО)

Во време на КОВИД-19 главниот извор каде се слуша радио се автомобилите луѓето кои одат на работа. Во случајов овие два месеци беше намален сообраќајот и како тоа се одрази на радијата.

Гостин во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ беше Марга Столеска, уредник на Клуб ФМ, Сити радио и Метрополис.

-Короната во голема мера ги погоди сите сегменти на живеењето, но јас немам чувство дека радиото помалку се слушаше. Напротив, радиото беше директен медиум кој што ги пренесуваше сите работи кои беа атрактивни, рече Столеска.

Околу работната атмосфера за време на пандемијата, таа истакна дека кога се создаваа овие радија најважно е што токму Сити, Клуб ФМ и Метрополис беа основани од професионалци.

И морам да истакнам дека само професионалци можат да создадат тим од професионалци. Кога беше најголемиот удар на пандемијата, морам да кажам дека исто како и сите светски медиуми ние одевме во живо, изјави Столеска.

Околу продукцијата на македонската музика, Столеска вели дека се она што е македонска уметност, драмска, ликовна, музичка Клуб ФМ, Сити и Метрополис е 100% поддржано и секојдневно се прави промоција на нашите, македонски вредности.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот