Столе брани во врвна форма: Подобар од него во Ла Лига е само Тер Штеген

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Репрезентативниот голман на Македонија, Столе Димитриевски вчера имаше уште еден одличен натпревар за Рајо Ваљекано против Алмерија кој неговиот тим го доби со 2:0.

Одличните резултати го доведоа Рајо да се бори за место дури и за место во Лигата на шампионите, во овој момент се на петтата позиција со 32 бода, на четвртата позиција Атлетико има 35.

Големи заслуги за резултатите на Рајо има и Столе Димитриевски кој брани во фантастична форма. Со 19 одиграни натпревари Димитриевски има осум „чисти мрежи“, односно 42%. Со тоа тој е втор најдобар голман во Ла Лига, пред него е само Тер Штеген кој во Барселона на 20 натпревари има 15 „чисти мрежи“.

Со ваквата статистика Димитриевски е подобар од еден Куртоа, Јан Облак од Атлетико, шпанскиот репрезентативен голман Унаи Симон од Атлетик Билбао…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот