Столбот на Барса го знае „рецептот“ против Вардар

Фото: fcbarcelona.com

Вардар кој во вторникот ја одбрани шампионската титула во првенството, ќе ја има улогата на „аутсајдер“, но сведоци сме од минатото дека на Ф4 не секогаш слаи подобриот.

– Ќе играме максимално во Келн. Ги имаме нашите шанси. Сè е можно во текот на натпреварите. Вардар е силен тим и ако сака да триумфира против нас, тоа мора да го заслужат – вели ракометарот на Барса, Тиагус Петрус Гончалвеш дос Сантос за официјалниот сајт на ЕХФ.

Во неговата прва сезона во дресот на каталонскиот гигант, Петрус ги брои деновите до почетокот на Фајнал фор турнирот во ЛШ, во полуфиналето на 1 јуни со почеток од 18:00 часот ќе игра против македонскиот шампион.

EPA-EFE/CAROLINE BLUMBERG

Минатото лето дојде во Шпанија од редовите на Пик Сегед, малку време му требаше да се адаптира, а со него одбраната на Барса е уште посилна.

– Мислам дека одбраната ќе биде клучот. Ако сме ОК, помогнат голманите и имаме брзи контри, ќе имаме големи шанси да го совладаме Вардар и се пласираме во финалето. Заедно со Фабрегас и Сораиндо имаме силна конекција во делот на одбраната – рече играчот на Барса.

Воедно и го коментираше противникот во полуфиналето на Ф4, Вардар:

– Вардар е тим со добра одбрана. Еден микс на физичка сила и интелигенција, и тоа ги прави опасни. Мораме да биде интензивни во одбраната за да имаме шанси да трчаме и реализираме голови од контра напади. Што се однесува до другите тимови, и Веспрем е екипа со повеќе килограми и моќ, а мислам дека Келце е најтактичкиот од сите учесници со план кој го извршуваат перфектно – се зборовите на Петрус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот