Стојоски утре во квалификациите ќе трча во иста група со идолот и светски рекордер

фото: Македонски олимписки комитет

Македонскиот претставник на Игрите во Токио во атлетика, Јован Стојоски, утре наутро (3:45 часот по македонско време) ќе настапи во квалификациите на 400 метри.

Стојоски се наоѓа во иста група со светскиот рекордер и негов идол, Вејд ван Никерк од Јужна Африка.
Ван Никерк е светски и олимписки рекордер, а најдоброто време на 400 метри го истрча на претходните ОИ во Рио де Жанеиро каде и го освои златниот медал.

„До вчера ми беше идол, а утре ќе трчам со него на Олимписките игри во иста група со светскиот и олимписки рекордер“, напиша Јован Стојоски на својот профил на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот