Стојоски шестопласиран во квалификациската група на ЕП

Фото: afm.org.mk

Денеска во трката на 400 метри настапи македонскиот единствен преставник на Европското првенство во сала за Сениори-ки.

Јован Стојоски на првиот ден од првенството во утринската сесија во втората од вкупно девет групи од квалификациите со резултат 48.60 секунди се пласираше шестопласиран во својата група.

Во самата трка успешно го одржуваше четвртото место се до моментот кога имаше судир со Бенат Лоренцо атлетичарот од Италија кој му ја наруши рамнотежата по кое нашиот атлетичар не успеа да го задржи својот ритам.

Во Торун (Полска) нашата земја требаше да ја претставува и Дарио Ивановски, но доби позитивен тест на ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот