Стојменов: Заев ја блокираше изградбата на хотелот кај „Беко“, притисокот беше да го продадам евтино

Фото: ТВ21/принтскрин

Не градоначалникот на Центар, туку поранешниот премиер Зоран Заев стоел зад блокадата за градилиштето кај поранешната стоковна куќа „Беко”, во центарот на Скопје, вели за „А1он“ бизнисменот и поранешен министер за финансии Борис Стојменов, инвеститор на објектот кој Општина Центар го води како дивоградба.

Изјавата на Стојменов доаѓа откако вчера против него беше подигнато обвинение за изградба на хотелот без градежна дозвола.

Причините поради кои се направил случај од градењето кај “Беко”, Стојменов вели дека се политички. Тој се сомнева дека целиот притисок за поништување на одобрението за доградба и надградба од 2016 година по кое гради бил за да се откаже од градење и да го продаде хотелот трипати поевтино од пазарната цена.

Стојменов вели дека наспроти тврдењата на Општина Центар, тој почнал да гради истата 2016 година, кога му го издале одобрението и немал никакви проблеми сѐ до моментот кога решиле да го урнат стариот објект на ТЦЦ “Плаза” и на негово место да изградат сосема нов, пишува „А1он“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот