Стојковиќ: Не се плашиме од Бразил, очекувам една храбра Србија на Мундијалот
В четврток (24 ноември) во рамките од групата „Г“ репрезентацијата на Србија ќе ги одмери силите против Бразил на Светското првенство во Катар.
Српскиот селектор Драган Стојковиќ – Пикси ги сподели очекувањата за утрешниот натпревар кој ќе започне од 20.00 часот во Лусаил.
– Добро работевме овие денови и добро се адаптиравме на климата и животот во Катар. Сите се здрави, единствено под знак прашалник е настапот на Филип Костиќ. Очекувам една храбра Србија која ќе го дава максимумот да направи добри резултати. Бразил има одлична репрезентација и е една од најдобрите на светот. Тие имат златна генерација на фудбалери, како Винисиус, Рафиња, Нејмар, тие имаат шанса да победат, но ние не се плашиме од никого, дури ни од Бразил – вели Стојковиќ.
Според Пикси, не е важно како ќе играат Бразилците, туку се фокусира само на играта на неговите фудбалери.
Во истата група претходно од 11.00 часот ќе играат селекциите на Швајцарија и Камерун.