Стојкоски: Нови инфраструктурни проекти до крајот на летото во Општина Ѓорче Петров

Фото: Општина Ѓорче Петров

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски најави дека до крајот на летото ќе се реализираат бројни инфраструктурни проекти кои ќе помогнат  жителите да добијат помодерни и поурбани места за живеење.

-Градежните активности со полна динамика продолжуваат до крајот на летото, нови 5000 метри локални патишта, онаму каде е најпотребно. Добро е да се види задоволството кај жителите од тековните проекти и активности. Денес од утро на терен во Стопански Двор, Волково и Ново Село, во најава за идните инфраструктурни проекти. Наследивме децениски проблеми кој со многу труд и посветеност ги решаваме. Знам дека не може се оддеднаш, но кога има воља и со максимална посветеност проблемите се решаваат – истакна градоначалникот Стојкоски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот