Стојановски втор стрелец во триумфот на Гравелин Данкерк

фото: kfsm.mk

Кошаркарите на Гравелин Данкерк стигнаа до првата официјална победа во новата натпреварувачка сезона, и тоа во Купот на Франција.

Во првото елиминациско коло Војдан Стојановски и соиграчите беа подобри од членот на ПРО Б лигата, екипата на Гри Оберхофен (85:77).

Гостите од Данкерк имаа контрола на играта и над резултатот во целиот тек на играта, а нашиот репрезентативен капитен беше еден од најдобрите на теренот.

За 26:46 минути во игра, македонскиот репрезентативец Стојановски постигна 14 поени (1/3 за три, 4/6 од поле и 3/3 од слободните фрлања).

Воедно имаше и четири скока и една асистенција, по една украдена и загубена топка. Поефикасни стрелци од нашиот играч беа само Хортон и Бурхис со по 16 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот