Стојановски: Со позитивна енергија кон пласман на ЕП!

Фото: kfsm.mk

Дамјан Стојановски со години наназад е еден од најстандардните во нашиот национален тим. И еден од носителите на играта во составот кој селекторот Александар Тодоров го креираше за овој квалификациски циклус.

Нема да биде ништо поразлично и пред „балонот“ во Перм, односно одлучувачките битки за пласман на европскиот шампионат кој догодина ќе се одржи во четири различни земји.

Непосредно пред заминувањето на нашиот национален тим за Русија искусниот поентер ги искажа своите очекувања за февруарскиот „прозорец“ на ФИБА. Свесен дека наместо за два ќе треба да одиграме дури четири натпревари за пет дена, а за разлика од минатиот „балон“ во Естонија, за оној во Русија стручниот штаб има подолг ростер на играчи за еден ваков турнирски систем како налик на група од ЕП..

– Одлична вест е дека сите повикани кошаркари се појавија на повикот, работевме заедно од првиот па сè до последниот тренинг во Скопје, и се надевам дека сите ќе бидеме здрави, и дека одиме во Русија во полн состав. Четири натпревари во пет дена е многу напорно темпо. Но. немаме многу голем избор. Токму поради тоа е добро што се јавија сите повикани играчи за секој да помогне за пласман на Европско првенство. Поголемиот ростер на играчи на ваков турнирски систем на натпреварување многу значи, особено доколку се знае дека играме четири натпревари за пет дена – рече Стојановски.

Симоновски: Жалам што не можам да им помогнам на соиграчите во Перм

Впечаток е дека јавноста очекува сите сили да ги сконцентрираме на дуелот со Естонија. Но, претходно нè чекаат и други три натпревари. Два од нив против веќе пласираната Италија, и еден против домаќинот – Русија..

– Сметам дека на секој натпревар треба да влеземе максимално подготвени. И доколку извојуваме некоја победа пред средбата со Естонија ќе биде од големо значење пред тој дуел со Естонија. Верувам дека со добра подготовка и позитивна енергија имаме добри шанси за пласман на Европското првенство – додаде македонскиот репрезентативец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот