Стојановски сигурен од пенал, радост за Ним во францускиот куп

фото: твитер

Не беше стартер, но македонскиот репрезентативец придонесе кога беше најпотребно за пласман на Ним во следната рунда од натпреварувањето.

Денеска во рамките од фудбалскиот Куп на Франција екипата на Ним триумфираше на гостувањето кај составот на Тур после ударите од белата точка.

По регуларните 90 минути резултатот беше 2:2, немаше погодоци во двете продолженија, па победникот беше познат во пенал рулетот.

Македонскиот репрезентативец Влатко Стојановски не беше стартер во редовите на Ним, но затоа придонесе кога беше најпотребно во остварувањето на успехот.

Во еден момент Ним беше во непријатна ситуација, бидејќи беше во негатива од 2:1 после две пенал серии откако промаши Пакиез.

Како под силен „притисок“ да беше Стојановски кој едноставно мораше да погоди од белата точка, тоа и го направи за израмнување на 2:2.

За Тур не реализираше Идас, па казни Денки, домаќините повторно беа непрецизни овојпат преку Да Силва, а конечните 2:4 за Ним ги постави Валерио.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот