Стојановски: Ова е одлично време за физичка активност и создавање здрави навики

-Ова е одлично време за физичка активност. И за почнување и за создавање на здрави навики. Може да се започне со било какви домашни вежби, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Василие Стојановски, персонален тренер.

Вирусот ги напаѓа оние со послаб имунитет, а на интернет може да се најдат голем број видеа со вежби, како и начини како да ја промените исхраната.

-На јутјуб има милион вежби. Уште поважно од физичката активност е шансата да се најде начин за користење на поздрава храна. Како што знаеме сите, вирусот ги напаѓа оние со послаб имунитет. Најбитно е да се седи дома и да се почитуваат препораките, рече Стојановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот