Стојановски: Можеме да дојдеме до тоа Европско првенство!

Фото: kfsm.mk

Најдобрата македонска репрезентација се подготвува за останатите четири квалификациски натпревари кои ќе ги одигра во Перм (Русија) за пласман на наредното Европско првенство.

Селекторот Александар Тодоров ќе го има и еден од најискусните во националниот тим, капитенот Војдан Стојановски за овие важни дуели против домаќинот, Италија и Естонија. И тој е свесен дека за краток период сениорите ќе треба да потрошат доста енергија до остварување на целта.

– Ќе излажам доколку кажам дека ќе биде лесно..Не, ќе биде навистина напорно. Но, за мене е поважно да сме здрави и живи, и во Перм да бидеме комплетни. Турнирот во Перм според оној интензитет на играње е едно мини Европско првенство. Како една група од ЕП во која за кратко време се одигруваат доста натпревари, а тоа носи дополнителна потрошувачка на енергија – вели Стојановски.

Впечаток е дека јавноста очекува сите сили селекцијата да ги сконцентрира на дуелот со Естонија. Но, претходно нè чекаат и други три натпревари. Два од нив против веќе пласираната Италија, и еден против домаќинот – Русија..

Симиќ: Ме изненади повикот, се надевам дека тремата нема да се одрази во Перм!

– Излегува така, дека сите мислиме само на тој натпревар. Не би се сложил со тоа. Ова е национален тим на Македонија кој треба да пружа максимум на секој натпревар. Зошто не би победиле некој од тие дуели со Италија или со Русија, па дуелот со Естонија да го чекаме во некоја порелаксирана атмосфера, без некое „морање“. Нема откажување. Ќе пробаме да ги искористиме сите шанси кои ќе ни се укажат во Перм – додаде македонскиот репрезентативец.

Секако и капитенот верува и се надева дека оваа наша селекција може да обезбеди пласман на ЕП преку „балонот“ во далечниот Перм.

– Доколку не верувам во успех, нема да сум тука, со соиграчите. Во Перм ќе одиме од натпревар во натпревар. За мене е доста важно што сите играчи се во некоја натпреварувачка форма, без оглед каде настапуваат во изминатиот период. Со добра атмосфера и давање на 200% од нашите можности можеме да дојдеме до тоа Европско првенство. Уште едно во нашите кариери – се зборовите на членот на францускиот клуб Гравелин-Данкерк.

Тодоров со 17 репрезентативци на квалификацискиот турнир за ЕП

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот