Стојановски: Ќе направиме сè да ја победиме Слобода Тузла!

Слободен печат

Популарните „штркови“ предводени од тренерот Ѓорѓи Кочов се подготвуваат за новата сезона во АБА2 лигата, а првиот меч во регионалното натпреварување ќе го имаат в четврток (3 октомври) со почеток од 19.00 часот против Слобода Тузла од Босна и Херцеговина во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје.

– Прв натпревар оваа сезона, имам млад состав. Што се однесува до противникот, го знаеме од лани во АБА2 лигата. Иако велат дека сме фаворити, ќе направат сè за да изненадат. Од наша страна ќе го дадеме максимумот да ги израдуваме нашите навивачи – изјави тренерот на МЗТ, Кочов.

Слободен печат

Лани малку недостасуваше македонскиот кошаркарски шампион да се врати во Првата АБА лига, но во финалниот плејоф загуби од словенечката екипа на Приморска, но и во бараж двомечот од Задар.

– Добри ни поминаа подготовките. Ги видовме недостатоците и работевме на нивно отстранување. Немаме многу информации за Слобода Тузла, но ќе направиме сè за да победиме – вели кошаркарот и капитен на МЗТ, Дамјан Стојановски.

Извршниот директор на клубот, Тони Грнчаров вели дека амбициите се атак на двојната круна.

– Во АБА2 ќе биде потешко, има засилени екипи како Сплит, Рогашка…Нашата цел ни е пласман меѓу првите четири и влез во плејофот. Имаме тим кој е спој на младост и искуство. Имаме хемија и со добра работа можеме да направиме добри резултати – рече Грне.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот