Стојановски и официјално нов фудбалер на Ним

twitter.com/nimesolympique

Стојановски кој до сега ги бранеше боите на прволигашот Ренова потпиша договор на три години со тимот од Лига 1.

Ќе го носи број 17 во новата натпреварувачка сезона 2019/20, иако од клубот најавија дека би било рано нашиот фудбалер да настапува во најквалитетната лига на Франција.

Трансферот на Стојановски во Ним, кој беше најдобар стрелец во ПМФЛ во изминатата сезона, вкупно изнесува 1,5 милиони евра.

Досегашниот негов клуб Ренова ќе добие 300 илјади евра како отштета за заминувањето на офанзивниот фудбалер.

Ним својата нова сезона во шампионатот ќе ја стартува на гостувањето кај бранителот на титулата, ПСЖ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот