Стојановски и Ѓуровски ја напуштија Франција и се враќаат дома

Со оглед на тоа дека француската кошаркарска федерација ги суспендираа сите натпреварувања, македонските репрезентативци Војдан Стојановски и Стојан Ѓуровски ја напуштија Франција.

– Се некако се случи набрзина, особено по онаа првична информација дека до следното, остануваме. Во клубот ја сфатија ситуацијата како доста сериозна, па на сила дојде една друга одлука која вели дека сме ослободени од понатамошните обврски, изјави Ѓуровски за веб-страницата на КФСМ.

Стојановски треба во Скопје да пристигне попладнево. Капитенот на македонскиот национален тим не е премногу убеден дека во Франција ќе се игра кошарка оваа пролет.

– Иако првично беше дека треба да останеме, сепак, одлуката на клубот е да ги ослободи сите странци. Да си заминат дома, во оваа криза, да бидеме дома со семејствата, што веројатно е и најдоброто можно решение, ако може да се каже така. Заминувам за Скопје со една голема непозната, што и како со лигата во Франција понатаму, порачува Стојановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот