Стојанова: Строги здравствени протоколи на овогодинешното „Охридско лето“ (ВИДЕО)

Настапите на уметниците ќе се одржуваат на Античкиот театар, предворјето на Св.Софија и Долни Сарај под строги здравствени протоколи. Ограничен број на гости, задолжително носење маска, физичка дистанца и постојана дезинфекција. На влез ќе се мери и температура на гостите, а постојано ќе се контролира и растојанието меѓу публиката.

Селекторката на музичката програма Даница Стојанова во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ изјави рече дека годинешнава јубилејна програма ќе содржи 26 концерти од кои два се во офф-програмата.

-Програмата има прекрасна динамика, од самиот почеток до крајот претставува една голема музичка приказна која ќе го одбележи големиот јубилеј од 60 години на фестивалот и ќе ја прослави Уметноста преку различни музички композиции. Ќе чуеме дела од најраниот барок, преку класиката, романтизмот, импресионизмот, до современите светски автори како и дела од македонското класично творештво- изјави Стојанова.

Прочитајте и...  Кацин: Словенија има добра епидемолошка ситуација, но проблем се младите

На фестивалската сцена ќе настапат врвни имиња како пијанистите Наталија Трул од Русија, Кемал Гекиќ- САД, Фукио саксофон квартет од Шпанија, Дуо Улуџан од Турција, косовскиот гитарист Петрит Чеку, Келнскиот гудачки секстет од Германија, од македонската сцена Марија Ѓошевска, хорскиот ансамбл „Про Арс“ со маестро Сашо Татарчевски, Гордана Јосифова-Неделковска, потоа „Скопје танцов театар“ со Рисима Рисимикин, Гала оперска вечер под диригентство на Бисера Чадловска како и женскиот балетски ансамбл и оркестар од Националната опера и балет (НОБ), вечер на Музичка младина со камерниот оркестар „Саша Николовски Ѓумар како и вечер со музиката на македонскиот композитор Томе Манчев.

Драмската програма започнува еден ден по свеченото отворање, а ќе понуди театарски изведби од домашните театарски куќи. На програмата се претставите „Сестрите прозорови“ по мотиви на „Три сестри“ од Чехов коавторски проект на Сашо Димоски и Васил Зафирчев во изведба на Театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ Велес, Драмски театар ја носи претставата „Чудесна терапија“ по текст на Даниел Глатауер во режија на Димче Николовски, „Човек, ѕвер и доблест“ од Луиџи Пирандело, во режија на Егон Савин – Театар Комедија, премиерата на „Полковникот Птица“ од Христо Бојчев, во режија на Андреј Цветановски во изведба на Гостиварски театар, претставата за деца на Театар за деца и младинци „Јованче и Марика“ од браќата Грим, во режија на Давор Драгојевиќ.

Прочитајте и...  Помпео од Прага ја почна посетата на централноевропските држави

Целиот разговор со селекторката на музичката програма на Охридско лето, Даница Стојанова проследете го во видеото:

Прочитај повеќе

Николовски и Заев се откажаа од средствата за патни трошоци

Специјализирани корпи за отпад од заштитна опрема се поставуваат на повеќе локации низ државата

МИА Агенција

Најголем процент од новозаболените и смртните случаи имаат коморбидитети или се над 60 години

МИА Агенција

Од денеска во Брисел задолжително носење заштитна маска за лице

Слободен печат

Трамп: Ако победи Бајден спремете се да учите кинески јазик

Слободен печат

Дендиас: Ја повикуваме Турција веднаш да го напушти грчкиот континентален гребен

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

„Кризата не боли и нас” – ССМ го одбележува Меѓународниот ден на млади

МИА Агенција

Трамп е изненаден од изборот на Камала Харис за потпретседател: Таа беше многу, многу непријатна кон Бајден

Слободен печат

Џафери и Пендаровски и натаму со различни ставови за роковите за врачување на мандатот

МИА Агенција

511 граѓани казнети за неносење маска

Слободен печат

ПРВПАТ ПО 11 ГОДИНИ: Британија технички влезе во рецесија

Слободен печат

Во Србија има речиси 9.000 активни случаи со Ковид-19

Слободен печат