Стојанов: Многу пари имам донирано за ВМРО-ДПМНЕ

Судскиот совет во процесот „Титаник“ заедно со двете судски поротнички останува да работи сè додека Републичкиот судски совет не донесе одлука дали ќе ги изземе или ќе им го продолжи мандатот на двете поротнички кои за брзо време ќе наполнат 60 години. За одбраната на обвинетите ваквата одлука беше спорна и неколку пати реагираа до судечкиот совет да се најде законска соодветна замена, на што им беше укажано дека до друга одлука на Републичкиот судски совет, актуелниот судечки совет ќе постапува во процесот. И да биде разрешена поротничката, како што рече судијата Осман Шабани, во судската сала има уште двајца резервни поротници и не е проблем да дојде до замена.

Денеска во процесот сведочеше сведокот Ацо Стојанов.

– Од 2008 година сум член во ВМРО-ДПМНЕ. Повеќе пати имам донирано парични сретства во ВМРО-ДПМНЕ. Сумите биле различни, некогаш по 3.000, 4.000 или 8.000 денари. Многу пари имам донирано. Во партијата има благајник кој ги прима донациите. Не само од мене туку и од други физички лица – изјави сведокот.

Следното рочиште за “Титаник” се одлага за 28 јануари.

Покрај поранешниот премиер Никола Груевски, во овој случај обвинети се и поранешните функционери Мартин Протоѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се осомничени од СЈО за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот