Стојаноски: Играчот кој Богдановиќ го сместувал во хотел во сред полициски час, играл за Работнички уште на 17 април

Новиот играч на Работнички Аска, првпат игра за Работнички на 17 април на мечот во СРЦ Кале против Гостивар каде го има во официјалната статистика. Тој е играчот кој требаше да му биде алиби на Богдановиќ за кршењето полициски час, кога беше фатен како седи сам во затворена кафеана која само за него работи. Но како и на Заев, така и на Богдановиќ муабетите им држат неполни 24 часа. Ова е извадок од листа на играчи кои дале кош, а тука е името и на Аска.

Богдановиќ да каже, како тоа го сместувал Аска, кој четири дена претходно веќе играл за Работнички, ако рогаш го сместувал, каде престојувал Аска тие четири дена, кај него дома или во друг хотел? И зошто преместувањето од едно во друго престојувалиште го правеле во полициски час? Или сепак не се работи за сместување, туку за алиби за кршењето на законите?

Молчи Богдановиќ, ама молчи и Пазарна инспекција, ја нема да излезе на терен, и да утврди дали и зошто кафеаната работеше за Богдановиќ и како тој се шеташе во полициски час? Го нема ниту МВР, а ниту директорот на БЈБ.

Сите молчат, затоа што Богдановиќ, миленикот на Заев е фатен во дупло кршење на законите.

И наместо да си поднесе оставка и да се извини, Богдановиќ молчи, и мисли дека јавноста ќе заборави. Не Богдановиќ, јавноста нема да заборави, зошто секој ден умираат 30-тина наши сограѓани и уште илјада се заразуваат, а вие се забавувате по кафеани, нема да заборави затоа што нема вакцини, а вие отворате кафеани во полициски час. Нема да заборави, затоа што 4 600 луѓе веќе не се помеѓу нас, изјави денес Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Богдановиќ ги демантира информациите дека вчера седел во кафани за време на полициски час

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот