Стојаноска: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе издвојува денар за спортот и денар за културата од акцизите за горива

Дафина Стојаноска носителката на листата за изборна единица 6, во рамки на предизборните активности во Гостивар најави дека по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт ќе започне со реализација проекти важни за културата и културното наследство.

Таа од пред Националната установа Центар за култура АСНОМ во Гостивар потенцира дека културата е многу значаен фактор за идентитетот и развојот на секоја држава.

– ВМРО-ДПМНЕ во програмата „Обнова” има посветено доста труд и време токму за културата. Наши културни приоритети се: културниот идентитет, културното наследство, уметничкото наследство, работници во културата, културните и креативни индустрии, меѓународната културна соработка и инфраструктурата за наредните десет години, рече Стојаноска.

Таа ги критикува СДС за покачувањето на акцизите за нафта и нафтени деривати, кои како што напомена се случило во два наврати за време на нивниот тригодишен мандат.

– Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе издвојува денар за спортот и денар за културата, што ќе значи сериозна придобивка за овие две гранки, кои и тоа како се битни за обнова на Македонија. На 15-ти јули заокружете го бројот 14, за да имаме повеќе за секого, но и повеќе за културата во Македонија, истакна Стојаноска.

Во текот на денот, Дафина Стојаноска ќе оствари средби со угостители од Гостивар, членките на унијата на жени, а во вечерните часови ќе има средби со граѓани во населбата Дутлок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот