Стојаноска: Она што сите треба да не обедини е определбата за повеќе пари и подобар живот за сите (ВИДЕО)

Дафина Стојаноска, носител на изборната единица 6 денеска од Тетово порача дека со победа на ВМРО-ДПМНЕ ќе се имплементираат и двете од шест стратегиски определби на ВМРО-ДПМНЕ. А, тоа е одржување на добри меѓуетнички односи и унапредување на животната средина.

-Денес заедно со кандидатите за пратеници Фуркан, Ајдоган, Анита и Валентина ја посетивме Шарена Џамија покрај самата река Пена. Шарената Џамија и река Пена се едни од најубавите и најзначајните обележја на градот Тетово. Денес тие не потсетуваат и опоменуваат дека покрај тоа што се наша гордост, треба да бидат и наша обврска- истакна Стојаноска.

Стојаноска ги потенцираше две од шесте стратегиски определби на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“, за период 2020-2024 година, а тоа се одржување на добри меѓуетнички односи врз принципите на меѓусебна толеранција и почитување, и секако еднаквост на сите пред законите. А, второ е заштита и унапредување на животната средина.

-Ние се обврзуваме дека Македонија ќе ја исправиме- порача Стојаноска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот