Стојаноска: Обновата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја намали невработеноста под 10 отсто, а Тетово ќе добие Универзитетска клиничка болница

Носителот на листата на коалицијата „Обнова за Македонија” предводена од ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 6 Дафина Стојаноска денеска беше во посета на Јегуновце, каде истакна дека изминативе три години поради владеењето на СДСМ и Заев граѓаните се понижени, ограбени и осиромашени, а во државата владее криминал.

– Животот никогаш не ни бил потежок како сега. Затоа изборот не бил појасен како сега. Никој не може да ни го наметне правото на избор. Верувам дека мојот народ ќе го направи вистинскиот избор, дека ќе им заврти грб на лажливите политичари кои правдата ја испорачуваат во торби полни со пари, кои многу ветуваат а ништо не прават, изјави Стојаноска.

На овие избори, како што рече, одлучуваме дали ќе имаме образование кое ќе ги уништи државата и народот наспроти образование кое од нашите деца ќе создаде квалитетни лекари, правници лидери.

Стојаноска изјави дека „на 15 јули народот ќе расчисти со Заев”, а потоа, како што рече, ќе почне обновата на Македонија, обнова во која платите ќе бидат поголеми за 25 отсто, невработеноста ќе падне под 10 отсто, земјоделците ќе добијат 640 милиони субвенции и загарантиран откуп, пензионерите повисоки пензии за 20 отсто, природен гас до секој дом, а Тетово ќе добие универзитетска клиничка болница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот