Стојаноска: Лекарите ќе бидат заштитени и ќе имаат плата каква што заслужуваат

Вечерва Дафина Стојаноска, носител на изборната единица 6, заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја посетија општина Тетово. Стојаноска од Тетово порача дека 15-ти јули е датумот кога ќе огрее сонцето за Република Македонија и за граѓаните, денот кога ќе започне обновата на државата.

-Се наоѓаме пред историски предизвик за нас и за нашите поколенија да се биде или да се не биде Македонец во Македонија. Јас одбирам да се биде. Да се биде човек пред се, и не само тоа, да се биде добар човек, среќен човек, здрав, безбеден и богат. Богат со пријатели, со знаење и секако со сите останати богатства кои секој човек ги заслужува. Јас одбирам да биде Македонија, земја на среќни и богати граѓани“, нагласи Стојаноска.

Стојаноска додаде дека Македонија ќе биде земја во која што младите ќе можат да останат, да се образуваат и да додадат вредност на живеењето. Македонија ќе биде земја во која државата им возвраќа на пензионерите за одработеното кон неа. Македонија ќе биде земја во која лекарите ќе се заштитени и ќе имаат плата каква што заслужуваат. Македонија во која што ќе има денар за сите во спортот и денар за културата. Македонија во која земјоделците се заштитени. Македонија во која владее правото, а правдата е подеднаква за сите.

-Нашиот глас на 15-ти јули нека се претвори во крик и тој крик нека ги распара срцата на оние кои не слушаа, тој крик нека им порача дека Македонија е жива, дека е жив народот во неа и дека сака да си ја обнови татковината. Нека им порача дека и ние имаме право живот да живееме исто како и другите- истакна Стојаноска.

Стојаноска на граѓаните вети дека Македонија ќе се обнови по 15-ти јули. Граѓаните ќе бидат посреќни бидејќи ќе започне да се почитуваат законите, Уставот и правата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот