Стоилов посилен од Ковид-19, тренира за првиот меч во Лигата на шампионите!

Како што информираат од европскиот ракометен шампион, репрезентативниот пивот повторно е на тренинзите на „црвено-црните“ подготвувајќи се за новата натпреварувачка сезона 2020/21.

Стојанче Стоилов, капитенот на РК Вардар 1961 им се приклучи на соиграчите и комплетниот тим.

Веќе ја темпира формата за првиот предизвик во новата сезона од Лигата на шампионите.

Потсетување дека Стоилов поради позитивниот тест на Ковид-19 ја пропушти завршницата во СЕХА Газпром лигата, односно реванш четвртфиналниот дуел со Нексе во СЦ „Јане Сандански“, како и Фајнал-фор турнирот во Задар каде што клубот го освои второто место.

Екипата предводена од тренерот Стевче Алушовски патува во вторник за Белорусија каде во Брест в среда (16 септември) ќе го игра првиот меч во ЛШ.

Столе Стоилов стана татко, Деница му роди син!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот