СТОИЛОВ: Лудило, бевме спремни за Келн, за Скопје не сме! (ВИДЕО) – Слободен печат
РакометСпорт

СТОИЛОВ: Лудило, бевме спремни за Келн, за Скопје не сме! (ВИДЕО)

Вардар успеа по втор пат да ја освои Европската титула, во последниве три години.

Повторно македонскиот шампион е владател на Европа, откако успеа во големото финале да го победи Веспрем (27:24).

Стојанче Стоилов, пивотот на Вардар како и секогаш борбен на линијата, не само во нападот, туку и во одбраната.

Нашиот репрезентативец Стоилов вели дека сега малку и искуството од редовните настапи на ваквите спектакло исто така влијаеле на резултатот.

– Ќе кажеш еднаш се случува, но нам еве втор пат. Горд што сум дел од оваа екипа, секој ден е различен со овие момци, сите се легенди во смисла на зборот. Не знаеш кој ќе откачи, вечерва знам сите ќе откачат. Лудило ќе биде во наредните денови, ете видовте за Келн бевме спремни, ама знаеме што ќе биде во Скопје, и не сме спремни, ќе биде страшно лудо, многу луѓе на плоштад, медиумски, на интернет, не знам. Треба да се доживее тоа – беше дел од изјавата на Стоилов за „Балкан хандбал“.

-ПРЕЧЕК НА РАКОМЕТАРИТЕ НА ВАРДАР-

Како што соопштија од навивачката група „Комити“, на 3 јуни во 23.55 часот европските шампиони ќе слетаат на Меѓународниот аеродром Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close