Стоилов: Ќе се бориме до крај, но односот кон Вардар е комичен!

фото: Слободен печат

Тренерот на македонскиот и европски шампион Алушовски верува дека играчите имаат карактер и можат да остварат добар резултат против Мотор в сабота.

Натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Вардар и Мотор Запорожје е закажан за в сабота (15 февруари) во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје со почеток од 17,30 часот.

Со евентуални два бода „црвено-црните“ ќе бидат многу блиску до потврда на пласманот во осминафинакето на елитното натпреварување.

Тренерот на Вардар, Стевче Алушовски:

„Еден тежок меч очекуваме, имаме проблеми со играчкиот кадар. Играме за првпат на домашен терен, почеток на годината. Искрено се надевам дека играчите се свесни во каква ситуација се. Тие се максимално фокусирани без разлика на проблемите, наше е да го дадеме максимумот. Ги повикувам сите љубители на Вардар да дадат поддршка во овие тешки моменти. Желбата е да се радуваме на прва победа (по подолго време) со која дефинитивно ќе се пласираме во осминафиналето. Мотор е сериозен, секако ќе дојде со амбиции да победи тим кој што е актуелен европски шампион. Се надевам на најдоброто в сабота. Да, тешка е ситуацијата, покажаа досега карактер момците, ова не е нова ситуација во клубот, ова веќе подолго време трае. Два бека си заминаа (Атман и Кристопанс), но ние имаме мотив. оптимизам. Овој состав го краси заеднишното, карактер што може да биде клучно за добар резултат в сабота.

Ракометарот на Вардар, Стојанче Стоилов:

– Очекуваме еден тежок меч, тешка ситуација. Еден клучен играч си замина, реално без Кристопанс не е ист Вардар, но наше е да се бориме, да пробаме да победиме. Знаеме во овие моменти каква е главата, каква е ситуацијата, ќе видиме што ќе се случи на дуелот.  Ова не е ништо ново, проблемите долго време се влечат, тешко е, играме дома, се надевам пред полна сала. За жал, никој ништо не кажува. Одиме напред, за нас, навивачите, за градот, да пробаме да победиме против Мотор, така што дефинитивно ќе се помачиме уште малку. Никој не може да ги обвини играчите, ние сме европски прваци, но односот спрема Вардар е комичен. Многу работи се нејасни, допрва треба да се разговара, јас ќе бидам до крај, меѓутоа многу работи висат. Реално и за титула во Македонија ќе биде тешко со еден ваков лимитиран состав.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот