Стоилов: Играчите на Кил долго време се заедно и добро се познаваат, овој Вардар не е таков

Капитенот на скопските „црвено-црни“, Стојанче Стоилов/фото: Слободен печат/Драган Митрески

Вардар 1961 загуби трет последователен натпревар во Лигата на шампионите сезона. Лошото второ полувреме пред своите верни навивачи беше причина „црвено-црните“ да останат без бодови и на мечот против Кил.

Тренерот Веселин Вујовиќ на прес-конференцијата по дуелот во СЦ „Јане Сандански“ изјави дека неговите играчи и натаму не се на нивото да покажат еден модерен, сериозен ракомет и дека е потребен среден бек кој треба да донесе квалитет во играта на екипата.

– Им честитам на ракометарите на Кил за одличните перформанси и за победата. Кил успеа да победи и покрај тоа што му недостасуваа неколку клучни играчи. Не се согласувам во целост со тренерот Вујовиќ дека одбраната била добра на почетокот, туку дека екипата премногу зависеше од голманот Мартин Томовски што беше лажна слика, визија по првите 30 минути.

Кил е моќен не само поради тоа што има одлични играчи, туку и дека поради тоа што со години долго време се заедно и добро се познаваат, а Вардар не е таков, нашиот тим има многу нови играчи, нов тренер, мораме да се покажеме подобро, и не можеме да се покажеме подобро, бидејќи играчите не се познаваат добро, но тоа не треба да биде изговор за поразот од Кил.

Треба да гледаме напред, Вардар веќе има три порази во низа, треба да им се вратиме на победите да ја вратиме храброста, нашата самодоверба – рече Стојанче Стоилов, ракометарот на Вардар 1961.