Стоилов го поправи спикерот: Мојата земја е Република Македонија!

На стандардната прес-конференцијата по завршувањето на финалето меѓу Вардар и Веспрем покрај тренерот на екипата, Роберто Парондо, присуствуваше и капитенот на „црвено-црните“, Стојанче Стоилов.

Во моментот кога спикерот ги најави финалистите и му ја честиташе титулата на Вардар, капитенот најде замерка во честитката.

– Честито, ова е втора титула за Вардар и прва за Северна Македонија –рече спикерот од ЕХФ.

На тоа реагираше Стоилов и му кажа на официјалниот спикер дека името на нашата земја не е она што тој го изговори.

– Честитки на Веспрем за фер и коректната борба, одигравме одличен натпревар. Не сакам многу да зборувам сега, сите сме под силни емоции од оваа победа. Знаеме со какви проблеми се соочувавме цела сезона, затоа ова е голема победа за нас и за мојата земја – Република Македонија – изјави Стојанче Стоилов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот