Стоилов: Барселона е фаворит, тука сме да се надигруваме

Екипата на Вардар трета година едноподруго ќе биде дел од завршниот турнир во Келн. Во дебитантскиот настап, во 2017 година, вардарци во полуфиналето ја совладаа Барселона, а потоа и во финалето да бидат поуспешни од ПСЖ и да ја освојат титулата.

Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов беше дел од историската сезона за „црвено-црните“, но овој пат фаворитската улога и ја препушта на Барселона.

– Ова е наше трето учество во Келн, не сме фаворити и играме против Барселона која е најголем фаворит. Барселона има одлична сезона, но на фајнал фор сите имаат шанси подеднакви шанси. Се игра еден натпревар и се може да се случи. Самото наше доаѓање во Келн е огромен успех за тимот. Многумина  не очекуваа тоа да се случи, можеби и ние самите, имавме тешка сезона но тука сме во Келн и дојдовме да се надигруваме – вели Стоилов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот