Стоилковски: Заев по секоја цена е спремен да остане на власт

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање за коментар околу СДСМ и Алтернатива во Владата, посочи дека очигледно Алтернатива одлучила да стане коректор на искривените вредности поради одлуката да и се приклучи на Владата.

„Исто така ја користам приликава и да прашаме до кога политичките партии од власта кои што не се дел од СДСМ/ДУИ и Алтернатива, ќе бидат слепи и неми посматрачи на сите криминали, неправди, и политички договори кои се на штета на сите граѓани во Македонија”, запраша Стоилковски.

Стоилковски ги повика и останатите политички партии да реагираат на новата коалиција помеѓу Алтернатива и СДСМ, а упати и критики кон премиерот Зоран Заев.

„Од друга страна Заев покажа дека е спремен да ја плати секоја цена само за да продолжи со крадењето, тендерите и разградувањето на државата. Но и денес СДСМ станува партија на многу проблеми и денес Заев е повеќе од порано заложник на Али Ахмети и на ДУИ“, изјави Стоилковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот