Стоилковски: Ова е гасна комора, да се прогласи вонредна сотојба бара ВМРО-ДПМНЕ

фото: Фејсбук

Невозможно е да се живее во Лисиче, во Општина Аеродром, во Скопје. Ова не е магла, ова не е само загаден воздух, ова е гасна комора! Мерните станици не работат, работи само една, погледнете ги вредностите, рече денеска Наум Стоилковски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, на итната прес-конфренција.

Во моментов вредноста на ПМ честичките изнесува 212, 112 над 100-ката која што се мери на ПМ10 честички, на единствената мерна станица која што работи од 6-те во Општина Аеродром.

-Ветуваа алпски чист воздух, добивме смртоносно загаден воздух. Црвениот аларм треба да се вклучи. Ова е геноцид врз населението во Скопје. Навечер вредностите на загаденост во Аеродром достигнуваат до 1.000 мерни единици. Шилегов, Заев ова е реалноста, не е измислица! Зад мене се кулите „Џевахир” 4-те кои што се гледаат од секаде во Скопје, и би требало да се гледаат од секаде во Скопје, но гледаме дека од оддалеченост од 50-тина метри ние не ги гледаме- рече Стоилковски.

Не е ништо поразлично, рече портпатолот на ВМРО-ДПМНЕ Стоилковски, ниту во соседните општини Гази Баба, Кисела Вода или пак Центар, никаде во Скопје нема услови за живеење.

-Аеродром е местото каде што Заев, Шилегов и Златко Марин викаа „Аеродром Ајро – Ајро, воздух нема” а веќе три години се на власт и чекаме било какво подобрување на условите за дишење, но попусто!  Бараме, Владата во координација со Град Скопје да прогласат вонредна состојба, да се преземат вонредни мерки во училиштата, институциите и градилиштата- рече Наум Стоилковски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Се поинаку од итна интервенција е намерна негрижа, вели Стоилковски, намерно изложување на опасност на жителите на Скопје и намерно загрозување на здравјето и на иднината на Република Македонија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот