Стоилковски обвинува: Ново бегство во Идризово

Прес-конференција на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

По крвавото сценарио пред две недели во Идризово и наводно преземање мерки, нов бегалец од Идризово. Целосен дебакл, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски .

Ова повеќе не е систем за казна и ресоцијализација, ова е целосно мафијашко решето. СДС и ДУИ мора да сносат одговорност за оваа состојба. Министерство за правда мора да сноси одговорност за епидемијата од бегства од затвор. Очигледно ова е добро организиран мафијашки систем, којшто не би можел да функционира без поддршка од власта. Се работи за организирана банда, вели Стоилковски.

Порача дека очекуваат одговор од Владата и прашуваат дали „избеганиот со иницијали Р.К., етнички албанец кај себе поседува фото албум, овојпат со блискост со ДУИ“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот