Стоилковски до министерот Милевски: Што ќе кажете во Битола, ниту пругата ја направивте, ниту автопат Прилеп – Битола кон Скопје, ниту спроведовте топлификација

На денешното гостување на „24 Анализа“ на ТВ 24, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски со низа критики кон работата на министерот на локална самоуправа Горан Милевски. Притоа го потсети на нереализираните ветувања на коалицијата на СДСМ во развојните плански региони како пругата, автопатот Прилеп-Битола до Скопје, како и неспроведената топлификацијата за тој регион.

– Вие доаѓате од Пелагонискиот плански регион и вие како коалиција ветувате пред граѓаните дека ќе донесете развој на тој регион. Кажете ми дали пругата е направена или автопатот Прилеп – Битола кон Скопје, ниту топлификација не е спроведена како најголемото ветување, го критикуваше Стоилковски министерот за локална самоуправа, Милевски.

Стоилковски вели дека во планот на Министерството за 2020 година не се реализирани дел од ветувањата за претходната година, па кога ќе вратите во Битола што ќе им кажете на граѓаните што сте реализирале, го праша Стоилковски, министерот Милевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот