Стоиљковиќ: Вартоломеј ја упати непризнаената МПЦ проблемите да ги решава со својата Мајка црква – СПЦ

стоиљковиќ соборна
Иван Стоиљковиќ / Фото: Фејсбук, Соборен храм Св. Климент Охридски, Фото: Слободен печат. / Колаж: Слободен печат

Пратеникот и претседател на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоиљковиќ во изјава за српски „Новости“ вели дека Вселенскиот патријарх всушност ја упатил МПЦ проблемите да ги решава со својата Мајка црква – Српската православна црква.

– Едни слават бидејќи во одлуката на Цариградскиот синод гледаат клучен чекор кон добивање на автокефалност. Но, со внимателно читање на одлуката на Фанарот јасно произлегува дека можноста црквата во Македонија да го сочува сегашното име е отфрлена. Многумина очекуваа томос за црковна незавиност, но тоа исто така го нема. Наместо тоа, патријархот Вартоломеј ја упатува сегашната непризнаена МПЦ административните проблеми да ги решава со „Мајката црква“ , односно со Српската патријаршија, вели Стоилковиќ.

Тој потсетува и дека се уште е отворено прашањето за регистрација на Православната Охридска Архиепископија, која делува во канонско единство со Српската православна црква и дека се уште има кршење на правата на српскиот народ во Северна Македонија.

– Ова е важно прашање, а нема ни мал напредок во решавањето на овој проблем низ годините – посочува Стоиљковиќ во изјава за Новости.

Видео на денот