Стогодишна жена од Италија си ја обновила возачката дозвола: Секоја недела одам на прошетка

Кандида Удерзо
Кандида Удерзо / Фото: Принтскрин/Инстаграм/corrieredelveneto

Кандида Удерзо е третата 100-годишна жена од Италија која сè уште вози автомобил. Во Италија лицата постари од 80 години мора да ја обновуваат возачката дозвола на секои две години со лекарско уверение дека се ментално и физички способни.

„Ова обновување ме прави среќна, а исто така прави да се чувствувам послободна“, изјави Кандида за италијанскиот медиум „Corriere del Veneto“, пренесува „ТheGuardian

Која е тајната на нејзината долговечност?

„Имам среќа. Доживеав сто години и тоа што сум здрава за мене е изненадување. Никогаш не пијам апчиња, само повремено пијам апче за спиење“, рекла таа.

Нејзиниот вид е добар, и како што вели таа, може да чита весници без наочари. Секоја недела наутро во шест таа е подготвена за прошетка сама или со пријателите.

„Многу сакам прошетки и немам намера да престанам со тоа“, рече таа. Почнала да практикува долги прошетки кога имала нешто повеќе од 50 години и кога станала вдовица. „Одев на прошетка со пријателите, поминував некое време во друштво, разговаравме и се смеевме. Тоа многу ми помогна. Кога се пензионирав, се приклучив на групата Лаверда. И оттогаш не пропуштив ниту една неделна прошетка“, објасни таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот