Стогодишна баба доби поклон од омилениот клуб, Милан

фото: Twitter

Фудбалскиот гигант Милан кој последните години е во резултатска криза, не ги заборава своите навивачи, и на настарата навивачка и приреди изненадување.

Инес, која го прослави 100. роденден, доби оригинален дрес на Милан на кој се наоѓаат потписи од сите фудбалери. Таа прво со неверување гледаше, па неколку пати праша дали тоа е отигинален дрес и дали навистина тоа се потписи од фудбалерите, мислејќи дека се работи за шега.

– Момци мои, играјте добро. Направете ме горди. Мој Милан, толку те сакам. Кога играчите би знаеле колку го сакам овој клуб – изјави воодушевената Инес.

Инес отрки дека последен пат го посетила „Сан Сиро“ и го следела Милан притоа правејќи претстава на трибината кај најголемите ултраси на „росоњерите“.

– Последен пат го следев Милан во живо пред 13 години. Тогаш имав 87 години. Двајца навивачи ме замолија да се фотографираме. Се согласив, но тие потоа мораа да ме однесат на навивачката бина кај лидерите на навивачите и на оградата за да навиваме. Беше неверојатно – се потсетува најстарата навивачка на Милан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот