15.8 C
Скопје

Стоев на средба со Кулханек: Од С. Македонија очекуваме конструктивен одговор за одржливо и трајно решение

Бугарија е отворена за активен дијалог и во изминатите денови се прави се што е можно од бугарска страна, како и од страна на Северна Македонија, за градење позитивна атмосфера и обновување на довербата во билатералните односи, ова го порачал шефот на бугарската дипломатија, Светлан Стоев на средба во Софија со неговиот чешки колега Јакуб Кулханек.

Стоев, како што јави дописникот на МИА од Софија, исто така рече дека во однос на Северна Македонија имаат целосен континуитет во својата позиција, и оти за Бугарија е од клучно значење одржувањето на добрососедските односи и добивањето неопходни гаранции за исполнување на Договорот за добрососедство.

– Од нашиот најблизок сосед очекуваме конструктивен одговор за изнаоѓање одржливо и трајно решение, што ќе придонесе за безбедноста и просперитетот не само на нашите две држави, туку и за целиот регион, рече Стоев.

Од своја страна, шефот на чешката дипломатија, рече дека Прага прави напори да се одблокира процесот на проширување и да се покаже дека заедничката европска иднина е реална. Тој се заложи за одржување на првата меѓувладина конференција со С Македонија што е можно поскоро.

Кулханек исто така изјави дека тоа е само еден чекор од еден многу сложен пат, истакнувајќи дека ги поддржува државите од Западен Балкан да станат полноправни членки на ЕУ.

И двајцата министри ја потврдија европската перспектива на Западен Балкан.

Поврзани вести

Рама и Мета ја поздравија одлуката на Холандија за Албанија да почне преговори со ЕУ

Слободен печат

ООН ги поздрави резултатите од средбата меѓу Бајден и Путин

Слободен печат

Шахпаска: Креираме законско решение кое ќе одговори на денешното современо време

Слободен Печат

СДСМ: Опозициската ВМРО-ДПМНЕ се уште е под палка на бегалецот од Будимпешта

Слободен Печат

Подеми и падови во односите на Путин со американските претседатели

Слободен печат

Паника во Рим: Пронајдена бомба во автомобил на три часа пред почетокот на натпреварот Италија – Швајцарија

Слободен печат

Остави Коментар