Стоев: Бугарите во Северна Македонија треба да формираат партија, само така ќе си ги заштитат правата

Бугарскиот министер за надворешни работи Светлан Стоев изјави дека ја поддржува идејата за евентуалното формирање партија на Бугарите во Северна Македонија.

„Тоа е нивно право, бидејќи Уставот им гo гарантира тоа право. Мислам дека тоа е вистинскиот пат по кој тие треба да ги штитат своите права заедно со бугарската држава“, изјави Стоев на 16-та Светска средба на бугарските медиуми, што се одржа во Рилскиот манастир, во организација на БТА.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Стоев, таквата партија би бил „единствениот и вистински начин” за Бугарите во земјава да ја обезбедат својата афирмација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот