СТО: Падот во светската трговија може да достигне од 13 до 32 отсто

epa08350668 (FILE) - The WTO logo is pictured against a traffic light standing in front of the WTO headquarters in Geneva, Switzerland, 09 December 2019, during the opening of the World Trade Organization (WTO) General Council (reissued 08 April 2020). The World Trade Organization, WTO, said on 08 April 2020 that it expects the global trade to fall between 13 and 32 per cent in 2020 due to coronavirus COVID-19 disease crisis that disrupts the global economic activity. EPA-EFE/SALVATORE DI NOLFI

Според економистите од СТО, „падот веројатно ќе го надмине и падот што беше регистриран за време на светската финансиска криза во 2008-2009 година”

Светската трговска организација (СТО) денеска излезе со прогноза дека во 2020 година ќе има пад во светската трговија од 13 до 32 отсто, како последица на пандемијата од коронавирусот. Тоа се извлекува од  податоците на СТО што денеска беа објавени во најновиот нејзин извештај во Женева.

„ Се очекува светската трговија да се намали за 13-32 отсто, бидејќи пандемијата предизвикана од Ковид -19 ја наруши нормалната економска активност и живот во светот”, забележа СТО.

Експертите го потенцираат значителниот распон во прогнозата заради „досега незабележениот карактер на актуелната здравствена криза и несигурноста во однос на нејзините точни економски последици”.

Според економистите од СТО, „падот веројатно ќе го надмине и падот што беше регистриран за време на светската финансиска криза во 2008-2009 година”.

Како што на денешната прес конференција во Женева изјави генералниот директор на СТО, Роберто Азеведо,  економистите на организацијата разработиле две сценарија за кризата.

Според оптимистичкото сценарио, владите ќе можат брзо да ја надминат ситуацијата и тогаш падот ќе изнесува 13 отсто.

-Но, според второто сценарио, доколку не е можно брзо надминување на кризата, падот во светската трговија со стоки може да достигне и до 32 отсто, па дури и повеќе, изјави првиот човек на СТО.

Тој потсети дека актуелната криза „ ги принуди државите да преземат досега невидени мерки за заштита на животот на луѓето”.

„Рецесијата во трговијата ќе има „болни последици за семејствата и бизнисот”, заклучи Азеведо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот