10.8 C
Скопје

Сто македонски новинари со „АстраЗенека“ се вакцинираа против ковид-19 во Србија

Со вакцината на „АстраЗенека“, денес 100 новинари и медиумски работници од Македонија се вакцинираа во Заводот за јавно здравје во Врање. Сето ова е во организација на македонската асоцијација на новинари (МАН) и српското Удружење новинара Србије (УНС).

Вакцините и ревакцините се бесплатни.

 

Повикот за заинтересираност беше објавен минатиот петок, а веќе наредниот ден квотата била исполнета.

 

„Македонската асоцијација на новинари МАН ги известува сите медиумски работници дека е пополнета квотата од 100 лица за доброволна вакцинација против вирусот Ковид-19 со вакцината АстраЗенека која е закажана за во вторник 23 март 2021 година, во Врање, Република Србија, се вели во соопштението на МАН“, пишуваше во јавниот повик од МАН до новинарите.

МАН организираше и автобуски транспорт од Скопје до Врање.

Поврзани вести

СИПА упадна во просториите на Централната изборна комисија на БиХ

Илинка Иљоска

Тегелтија: На БиХ и требаат добри вести од Брисел, а тоа е кандидатски статус

Илинка Иљоска

Словенците предвидуваат дека до јуни ќе ја зауздаат короната: „800.000 луѓе се веќе заштитени“

Слободен печат

Мехмети: Предлог законот за дивоградби е политички договор меѓу Заев и Мицкоски

Слободен печат

Мицкоски: Се сомневам дека ќе добиеме датум за преговори

Слободен печат

Брнабиќ: Од дијалогот Белград – Приштина зависи стабилноста на целиот регион

Слободен печат

Остави Коментар