СТЈУАРДЕСИТЕ во Германија предупредуваат: „Сексуално нè вознемируваат“

Profimedia

Германскиот синдикат на кабинскиот персонал УФО објавил дека сексуалното вознемирување во таа дејност е сериозен проблем.

„Им се случува и на мажи и на жени, но жените се многу почесто мета на сексуалното вознемирување“, рекла Силвија Гаснер од синдикатот, која последниве две години е задолжена за решавање на тој проблем.

„Ова е многу сериозен проблем кон често се игнорира“ додала Гаснер.

Скоро воопшто нема податоци за жртвите на сексуално вознемирување меѓу кабинскиот персонал, но УФО објавил извештај во кој се наведува дека секој втор член бил сексуално вознемируван на своето работно место.

Истражувањето покажало дека во повеќето случаи тоа се случувало во авионите. Во 45% од случаите тоа го правел надредениот на вработениот, на пример пилотот. Во една четвртина од случаите персоналот рекол дека биле вознемирувани од други членови на персоналот или од страна на патниците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот