Стјуардеса од Израел починала од мали сипаници, се заразила за време на лет

Стјуардеса од Израел починала откако пред неколку месеци се заразила од мали сипаници за време на еден лет, јавуваат израелските медиуми.

43-годишната стјуардеса, мајка на три деца, била примена во болница во март, откако допатувала со авион од Њујорк.

Таа била вакцинирана против мали сипаници само еднаш, наместо двапати, како што се препорачува. Министерството навело дека нејзиното здравје било влошено со енфацилитис и имуниот систем ѝ колабирал, но не објавило дали стјуардесата се заразила со мали сипаници за време на летот.

„Џерулазем пост“ пишува дека стјуардесата била во контакт со заразен патник, а авионот на израелската компанија ЕЛ АЛ, полетал од меѓународниот аеродром „Џон Кенеди“ на 26 март и слетал во Тел Авив следниот ден.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот