Стив Брус наследник на Бенитез во Њукасл – Слободен печат
СпортФудбал

Стив Брус наследник на Бенитез во Њукасл

Англискиот премиерлигаш и официјално го претстави Брус како нов менаџер.

Екипата на Њукасл конечно го реши прашањето за новиот тренер по оставката на Рафаел Бенитез. Нов менаџер на англискиот премиерлигаш е Стив Брус кој потпиша тригодишен договор.

– Неизмерно сум горд што го презедов Њукасл. Ова е мојот клуб од детството, тоа беше омилениот клуб на татко ми. Затоа, ова е специјален момент за мене и моето семејство. Пред нас е голем предизвик но јас и целиот стручен штаб сме подготвени, ќе ги засукаме ракавите и ќе дадеме се што имаме за Њукасл да биде дел од елитата – изјави Брус.

Стив Брус е роден во Њукасл, а од јануари годинава го предводеше Шефилд венздеј. Вп кариерата ги има тренирано уште и екипите на Шефилд јунајтед, Хадерсфилд, Виган, Кристал Палас, Бирмингем и Хал.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close