Стипендии за кратки студиски престои во Велика Британија за 2022 година

Британскиот Парламент во Лондон / Фото: EPA-EFE/VICKIE FLORES

Британскиот фонд за стипендии – British Scholarship Trust доделува до шест стипендии за кратки студиски престои, од еден до три месеци, за млади истражувачи од Република Северна Македонија на соодветни високообразовни и научни истражувачки институции во Велика Британија за 2022 година.

Стипендијата изнесува 900 фунти месечно за универзитети надвор од Лондон и 1000 фунти месечно за институции во Лондон, за покривање на трошоците за сместување и исхрана. Патните трошоци се на товар на кандидатите.

Условите  за конкурирање, како што објави Министерството за образование и наука, се завршени академски универзитетски студии од прв циклус со просечен успех над  8.00, одлично познавање на англискиот јазик, кандидатите да не се постари од 30 години и да имаат обезбедена согласност од соодветна институција од Велика Британија за реализација на студискиот престој.

Во објавата на МОН се достапни информации за документите кои се потребни за конкурирање, начинот на поднесување на апликациите и линкови и контакти за повеќе детали за стипендиите.

Рокот за поднесување на документите е 1 март 2022 година.

Извор: МИА

Видео на денот