Стипендии за додипломски студии на Универзитетот на Кипар

Скопје, октомври 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.
Универзитетот на Кипар доделува 10 стипендии за додипломски студии (со исклучок на Медицинскиот факултет), за кандидатите кои ќе аплицираат во септември 2021 година. Секоја стипендија ќе важи за времетраење на студиите од четири години, од страна на Универзитетот на Кипар покриени се  50 отсто од школарината.
Како што е наведено во известувањето на Министерството за образование и наука,  стипендистите се обврзани на свој трошок да следат едногодишен курс за грчки јазик на Школата за модерен грчки јазик на Универзитетот на Кипар, за да стекнат сертификат за ниво B2 пред да ги почнат додипломските студии.

Доколку носителот на стипендијата не ги заврши своите студии во рок од четири години (осум семестри), стипендијата ќе биде прекината и нема да има можност за понатамошно продолжување.

Во известувањето кое  МОН го објави на својата веб-страница се наведени потребните документи за аплицирање за стипендија, како и линкови до интернет-страници и контакти  каде што може да се добијат повеќе информации за критериумите за стипендијата и процесот на аплицирање, како и информации за виза и дозвола за привремен престој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот