Стилот на Меланија повторно го „ЗАПАЛИ“ Твитер: Многу корисници забележаа ВОЗНЕМИРУВАЧКИ детал на капутот на првата дама (ФОТО)

Фото: Твитер

Твитот на американскиот претседател, Доналд Трамп во кој ја објавил фотографијата од одбележувањето на годишнината од терористичките напади на 11 септември, кренал бура од реакции на интернетот, а се заради капутот кој го носела првата дама Меланија.

Корисниците на социјалните мрежи велат дека нејзиниот капут, на задниот дел, има шара која одговара на сцена од авион кој се забива во кула. „Спорната“ фотографија не е направена на 11 септември, кога семејството Трамп биле во Белата куќа и Пентагон, бидејќи Меланија носела краток, црн фустан од Ралф Лорен.

Заматената слика на претседателскиот „твит“ го прикажува парот свртен со грб, како гледаат во далечина. Меланија на сликата има долг црн капут, зашиен со бел конец.

„Никогаш нема да заборавиме“ – пишува под американското знаме на фотографијата.

Кога сликата се зголемува, конецот и копчето на долниот дел од капутот изгледаат како кула и авион, што веднаш предизвикало хаос на Твитер.

Фото: Твитер

„Дали е тоа авион кој се забива во кулите близначки на задниот дел од капутот на Меланија?!?“, во неверување напишал корисникот Ејб Калдвел. „Не сакам да звучам како следбеник на теории на заговор, но дали и некој друг забележа како авион се забива во кула на капутот на Меланија?“, прашала корисничката Кити Хил.

Корисниците на Твитер потоа почнале да објавуваат фотографии каде е зголемен спорниот дел од капутот на првата дама. „Дали ги отпуштиле сите стилисти или Меланија е најголемиот „трол“ на сите времиња?“, се запрашал еден корисник. На некои, меѓутоа, им се допаднал нејзиниот капут.

„Капутот на Меланија го има споменикот на Вашингтон. Навистина кул капут“, навел Чарлс Њуби. „Тоа е само отвор на позадината на капутот на Меланија. Има копче за да го држи затворен“, укажал друг корисник. Портпаролката на Белата куќа, Стефани Гришам рекла за „Ју-ес-еј тудеј“ дека сето ова е смешно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот